Бројот на заболени од западнонилска треска се искачи на 70

by valentina 09:30
09:30

Скопје и понатаму има најголем број регистрирани случаи на западнонилска треска, но заболувањето е евидентирано и во уште неколку градови низ Македонија. Според податоците на Институтот за јавно здравје, заклучно со 22 септември во земјата се регистрирани вкупно 70 случаи.

Од нив, 65 случаи се потврдени, а пет се класифицирани како веројатни, согласно дефиницијата на случај.

Најголем дел од заболените се од Скопје, каде што се евидентирани 63 случаи. Во Велес има три случаи, а по еден случај е регистриран во Куманово, Свети Николе и Кавадарци. Воедно, ИЈЗ го регистрирал и првиот случај на западнонилска треска во Тетово.

Слични вести