Две девојчиња паднаа од електричен тротинет – повредени се

by irena 12:22
12:22

Во дворно место на куќа во Гостивар се случи незгода во која повредени се две малолетнички.

Како што информира МВР, на 22 септември во 12:50 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека 16-годишна малолетничка од Гостивар, управувајќи со електричен тротинет, изгубила контрола и паднала.

При падот, 14-годишната сопатничка од Гостивар се здобила со тешки телесни повреди, додека 16-годишната малолетничка се здобила со телесни повреди.

Повредите биле констатирани во болницата во Гостивар.

Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Гостивар.

Слични вести