Падна првиот снег на Пелистер со почетокот на есента, откако постудената воздушна маса ги зафати високите планински предели во земјава.
Јавната установа Национален парк Пелистер објави фотографии од првата снежна покривка на врвовите, потврдувајќи го падот на температурите на Баба Планина.
Ова е прво забележување снег на македонските планини за оваа сезона по нестабилното и врнежливо време што го зафати регионот.
Првиот ден од календарската есен донесе врнежи од снег на највисоките точки на Пелистер.
Температурите на надморска височина над 2.000 метри се спуштија околу нулата. Ваквата промена следува веднаш по преминот на влажниот бран што претходно донесе дожд и заладување во пониските котлини од пелагонискиот регион.
Снегот на Пелистер доаѓа по продолженото топло лето и сушниот бран што траеше со недели.