Крадец од гостиварско уапсен на скопскиот аеродром

by irena 11:23
11:23

29-годишен жител на гостиварско е лишен од слобода на скопскиот аеродром, откако полицијата утврдила дека за него била распишана судска наредба за издржување затворска казна.

– Вчера во 12:30 часот на Граничен премин Меѓународен аеродром Скопје, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода И.Ч.(29) од село Топлица, гостиварско, соопшти Министерството за внатрешни работи.

За И.Ч. била распишана судска наредба за издржување казна затвор во траење од две години за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.

Од МВР информираат дека лицето по лишувањето било спроведено во Казнено-поправната установа „Затвор Скопје“, каде ќе ја издржува затворската казна.

Слични вести