Уапсени се тројца возачи во Гостивар и Тетово откако полициските проверки покажале дека управувале возила без возачки дозволи.
На 17 септември во 17:45 часот, во населбата Циглана во Гостивар, полицајци го лишиле од слобода Б.А.(26) од Гостивар.
При сообраќајна контрола бил запрен мопед со скопски регистарски ознаки, при што било утврдено дека го управувал без возачка дозвола.
Мопедот бил одземен.
Два часа подоцна на улицата „Илинденска“ во Гостивар, полицијата извршила увид по сообраќајна незгода во која учествувало возило „смарт“, управувано од Л.Ф.(22) од село Чегране.
При преземените мерки било утврдено дека и тој управувал без возачка дозвола. Возилото било одземено, а Л.Ф. бил лишен од слобода.
Во Тетово утринава околу 00:10 часот, на улицата „Тодор Циповски Мерџан“, бил лишен од слобода Ш.Р. (34) од Тетово.
Тој бил затекнат како управува „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки без возачка дозвола. И ова возило било одземено.