Гутереш е подготвен да биде домаќин на преговорите меѓу Русија и Украина

by irena 21:35
21:35

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, денеска изрази подготвеност да биде домаќин на мировни преговори меѓу Русија и Украина на маргините на претстојното Генерално собрание на ОН.

„За мене би било задоволство да го сторам тоа, доколку е можно“, изјави Гутереш на прес-брифинг, одговарајќи на прашање од агенцијата „РИА Новости“ дали би бил подготвен да организира трилатерална средба со министрите за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, и на Украина, Андриј Сибиха.

Тој оцени дека постигнувањето примирје меѓу Русија и Украина е апсолутно неопходен чекор кон мирно решавање на конфликтот.

Слични вести