(ВИДЕО) Девојче во длабок сон ги преплаши родителите, побараа помош од пожарникарите во Струмица

by irena 21:48
21:48

Интервенираа пожарникарите-спасители од ТППЕ Струмица на улицата „4 Јули“, откако родители побараа помош бидејќи не можеа да стапат во контакт со своето малолетно девојче.

Тоа неколку часа не одговарало на телефонските повици, а не реагирало ниту кога ѕвонеле на вратата од станот на четвртиот кат.

Пожарникарите пристигнале со авто-скала и преку неа се искачиле до терасата. Оттаму успеале да овозможат отворање на вратата и влегле во станот.

Новвнатре наместо опасност, сосема неочекувана глетка.

„Девојчето беше безбедно и едноставно спиеше во длабок сон, не слушајќи ги ниту телефонските повици, ниту ѕвонењето на вратата“, објавија струмичките пожарникари.

Слични вести