СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот на Народната банка, Трајко Славески во врска со случувањата со Алта банка АД Битола.
Кривична пријава е поднесена и против други службени и одговорни лица во Народната банка.
– Во пријавата, Трајко Славески и пријавените лица се теретат за „Несовесно работење во службата по член 353-в и „Злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 што ја дале согласноста за влез на Алта банка во Македонија, што не провериле потекло на капитал, сопственик, ризик и што не ги заштитиле интересите на граѓаните на Македонија – изјави Александар Саша Димитријевиќ, генерален секретар на СДСМ.
СДСМ бара мерки на претпазливост за Трајко Славески и за останатите лица, вклучително привремена забрана за вршење должности на сите инволвирани, за, како што рече Димитријевиќ, да се спречи влијание врз сведоците и можно уништување на документацијата.