60
Пожарникарите од Прилеп во текот на ноќта спречија огнот да зафати куќи во селото Крушевица, додека нови шумски пожари се разгоруваат во Студеничани и Македонски Брод.
„МВР од горе со хеликоптер, пешадија од долу, Огнени тимови на ДЗС, специјалци со пинцгауери, пожарникари од Прилеп, доброволци од ДПД од повеќе градови, мештани сите придонесуваат во борбата против пожарот“ изјави денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.
Ангелов информира дека селото Чаниште е безбедно. Тој информираше и дека трите манастири во близина на пожарот се обезбедени и дека во нивниот реон се преземаат мерки со контролирано палење и создавање заштитни пресеци.