(Видео) Се уриваат тезги на Бит-пазар

by jadranka 20:30
20:30

Денеска доцна попладне со багер и друга механизација се уриваат тезги на Бит пазар и се чести просторот каде биле поставени.

Како што објави телевизија Телма, тезгите се во сопственост на приватна фирма, но засега нема информации од Општина Чаир за причините за нивно отстранување. Детали оттаму најавиле во текот на утрешниот ден.

Инаку, на снимката што ја објавија телевизијата може да се види како багер собира остатоци од градежен материјал и ги товари во камион, а условно кажано, акцијата се одвива во простор ограден со метална ограда, налик на градилиште.

Од Град Скопје, на прашањето дали до нив е доставено некакво барање или не, во врска со остранувањето на тезгите, на одговор упатиле во Општина Чаир, наведувајќи дека Градот не е надлежен.

Слични вести