3
Цената на меѓународно референтната нафта „Брент“ вечерва падна под 100 долари за барел, додека американската нафта ВТИ се спушти под 90 долари за барел.
На падот на цените влијаела одлуката на саудиската државна нафтена компанија „Сауди Арамко“ за испораките во ноември да ја намали продажната цена на нафтата „Араб Лајт“ за купувачите во Азија.
Според „Трејдинг економикс“, цената на „Араб Лајт“ е намалена на пет долари по барел под регионалниот референтен индекс.
Дополнително, францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека координираното ослободување на нафтените резерви, под надзор на Меѓународната агенција за енергија (ИЕА), би требало да се спроведува во период од четири месеци.