Советниците од Град Скопје немаат информација по која програма се прска против комарци, ниту со какво средство се прави тоа, изјави Катерина Цаневска-Арсовска, советничка од СДСМ во Советот на Град Скопје.
Вели дека за она што се прави во Градот дознаваат од Фејсбук статуси.
-Како советници во Советот на Град Скопје немаме никаква информација. Она што го дознаваме и ние е преку Фејсбук профилот на Град Скопје, кој ги пренесува ПР изјавите на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Според објавеното, Градот тврди дека е 13 пати е прскано. Со што е прскано, ние не знаеме. Ако е навистина прскано со тоа средство кое седум години не дава никакви резултати, туку како што велат луѓето прскаат со водичка или со нешто што ги храни комарците, тогаш е навистина страшно – рече Цаневска-Арсовска.