59
Жена пешак прегазена во Струга. Завршила во болница со тешки повреди.
– На 31.07.2026 во 12:00 часот во ОВР Струга е пријавено дека на ул. „Братство-Единство“ во Струга, патничко возило „сузуки“ со струшки регистарски ознаки, управувано од С.Т. (62) од Струга удрило во 71-годишната Р.К. од село Мислодежда, струшко. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Р.К., констатирани во Медицински центар Струга.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Струга.