Иран: Сообраќајот низ Ормутскиот теснец не е можен додека не се воспостават стабилност и мир

by irena 19:52
19:52

Иранската Управа за управување со пловните патишта во Персискиот Залив денеска соопшти дека сообраќајот низ Ормутскиот теснец нема да биде можен додека не се воспостават стабилност и мир.

„Поради континуираните агресивни дејства на американските воени сили во регионот, сообраќајот низ Ормуската Теснина не е можен“, наведе Управата за управување со пловните патишта во Персискиот Залив во пораката која, како што се прецизира, е објавена поради зачестените прашања од подносителите на барања, пренесува агенцијата „Тасним“.

Како што е наведено, сите барања ќе бидат прегледани и дозволите ќе се издаваат постепено, врз основа на редослед и распоред, штом се воспостават стабилност и мир.

Началникот на Генералштабот и заменик-координатор на иранската војска, адмирал Хабиболах Сајари, вчера изјави дека никакво движење низ Ормутскиот теснец не е можно без одобрение од Иран, истакнувајќи дека иранската морнарица има целосна контрола врз тоа подрачје.

„Морнарицата на Исламската Република Иран во целост го контролира источниот дел на Ормутскиот теснец, северниот дел на Индискиот Океан и Оманскиот Залив“, рече Сајари, пренесе иранската државна агенција Ириб.

Слични вести