Русија: Несреќите на планината Елбрус наметнуваат построги правила за планинарите

by irena 15:45
15:45

Вкупно 11 лица загинаа при искачувањето на планината Елбрус на Кавказ во изминатите два месеца, што наметнува потреба од построги правила за планинарите, изјави денеска Александар Јаковенко, претседател на Комисијата за класично планинарење при Руската федерација за планинарење (РФП).

„Во изминатите два месеца, на Елбрус веќе загинаа 11 лица. Тоа е многу. Минатата година планината ја посетија 20.000 луѓе, меѓу кои имаше и многу странци. Неопходно е да се воведат построги прописи што ќе го регулираат алпинизмот и планинарењето“, рече Јаковенко, пренесува ТАСС.

Сергеј Ромашкин, потпретседател за домашен туризам во Асоцијацијата на туристички оператори на Русија (АТОР), исто така е убеден дека е неопходно да се пропише задолжителна придружба од сертифицирани водичи при планинарењето.

Слични вести