67
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека сериозно размислува за повторно започнување големи борбени операции против Иран, вклучително и напади што би биле пообемни од оние изведени за време на операцијата „Епски бес“.
Во интервју за „Аксиос“ Трамп рече дека е „блиску до донесување одлука“, но дека сè уште не ја донел.
„Размислувам за масовен напад. Поголем од кога било претходно. Блиску сум до одлука. Подготвени сме за тоа“, рече Трамп.