Маж од скопско пријавил дека бил измамен за околу 28.700 евра од лице кое му се претставило како службеник во државна институција и му ветило дека ќе му помогне да го врати претходно запленетиот златен накит.
Измамата се случувала во периодот од 12 ноември 2024 до 12 јануари 2025 година.
Пријавителот го запознал лицето во занаетчиски дуќан во Скопје. Осомничениот му кажал дека преку свои пријатели може да му помогне да го добие назад запленетото злато, но за услугата морал да плати.
Мажот му ги предал парите, а подоцна сфатил дека бил измамен.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје на 15 јули 2026 година. Полицијата презема мерки за негово целосно расчистување.
„На 15.07.2026 во 21:30 часот во СВР Скопје, маж од скопско пријави декаво временскиот периодод 12.11.2024 до 12.01.2025 од едно машко лице бил измамен за сума од околу 28.700 евра. Според пријавеното, пријавителот во занаетчиски дуќан во Скопје го запознал лицето, кое му се претставило како службеник во државна институција и му кажало дека преку свои пријатели може да му помогне на пријавителот да го врати претходно запленетиот златен накит, но за тоа морал да плати. Пријавителот му ги дал парите, но подоцна сфатил дека бил измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, стои во соопштението на МВР.