Касами: ВЛЕН се формализира, по потпишувањето започнува организацијата на терен

by irena 22:22
22:22

Во Домот на културата во Тетово се собираат потписи за формално основање на ВЛЕН, со што официјално започнува формирањето на субјектот како политичка партија согласно законите на Македонија.

Ко-претседателот на ВЛЕН, Билал Касами, изјави дека по завршувањето на овој процес ќе започне организирањето на партиските структури во ограноци и подограноци, со цел решавање на проблемите на граѓаните и спроведување на политичката програма.

„Денеска во Домот на културата во Тетово се организира собирање потписи за формално основање на ВЛЕН, со што започнува и официјално патот на субјектот ВЛЕН како политичка партија согласно законите на Македонија. Повикани се сите наши активисти од Струга до Куманово да го дадат својот потпис и верувам дека денеска овој процес успешно ќе заврши.

Од денеска ќе започне нашата активност на терен, со посети на структурите на ВЛЕН, со што ќе започне и изградбата на структурите на ниво на ограноци и подограноци. Ќе бидеме подготвени да одговориме на проблемите што ги имаат граѓаните и на реализацијата на програмата“, изјави ко-претседателот на ВЛЕН, Билал Касами.

Слични вести