„Хезболах“: Иран ќе бара повлекување на Израел од Либан во преговорите со САД

by irena 20:13
20:13

Хезболах доби уверенија од својот сојузник Иран дека ќе бара повлекување на израелските трупи од Либан во следната фаза од разговорите со САД, изјави за Ројтерс канцеларијата за медиуми на „Хезболах“.

Повлекувањето би било резултат, а не услов, за продолжување на разговорите меѓу Техеран и Вашингтон по потпишувањето на меморандумот за разбирање меѓу двете земји во петокот, соопшти „Хезболах“.

Групата изјави за „Ројтерс“ дека „нема да има нуклеарен договор меѓу Иран и САД освен ако Израелците не се повлечат“ од Либан, пренесе „Хина“.

Слични вести