Фатен е сторителот кој опожари возила пред бугарската амбасада

by vlatko 19:48
19:48

Веднаш по пријавата за пожар на две службени возила сопственост на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје, СВР Скопје презеде интензивни мерки и активности за расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителот.

Во рамки на преземените активности, во краток временски период е идентификувано и пронајдено лицето за кое постои основано сомнение дека го сторило делото.

Како што информираат од МВР, станува збор за И.Д. (44) од Скопје, кој е лишен од слобода и задржан во полициска станица.

При преземените дејствија е пронајдена и облеката што лицето ја носело во моментот на извршување на делото.

Во координација со надлежен јавен обвинител се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот, по што против лицето ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Слични вести