Ги остави клучевите во автомобил, малолетници го украдоа, па собраа друштво за возење

by irena 21:23
21:23

Попладнево беше украден автомобил на улица во белградската општина Врачар.

Државјанин на Босна и Херцеговина го остави својот „фолксваген“ на улицата, со клучевите внатре, за накратко да отиде до продавница.

Двајца малолетници, на возраст од 13 и 16 години, ја искористија можноста, влегоа во автомобилот и се оддалечија. Во меѓувреме, тие ги зеле со себе и другите двајца тинејџери од друштвото.

Набргу по пријавувањето во полицијата, автомобилот беше пронајден во добра состојба, а во него се наоѓале сите четворица малолетници.

Известен бил Центарот за социјална работа.

 

Слични вести