Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишиле од слобода 17 возачи за безобѕирно управување возило – 14 лица возеле без возачка дозвола, од кои пет малолетници, а тројца возеле под дејство на алкохол, информираат од МВР.
Шест лица во Скопје (двајца малолетници), четири лица во Тетово (тројца малолетници) и по едно лице во Куманово, Велес, Охрид и Прилеп возеле без возачка дозвола.
По еден возач во Куманово, Македонска Каменица и Скопје управувале возило под дејство на алкохол. Возачот во Скопје, претходно со возилото „форд“ кое го управувал удрил во паркирано возило „форд“, при што била причинета само материјална штета.
Од МВР посочија дека по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.