Ердоган: Дејствијата на Израел во Сирија и Либан ја загрозуваат Турција

by irena 19:30
19:30

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес изјави дека потезите на Израел во Сирија и Либан претставуваат закана за безбедноста на Турција и поширокиот регион.

На состанокот на пратеничката група на неговата партија во турскиот парламент, Ердоган рече дека безбедноста на Турција не се брани само во нејзините граници, туку и во градови како Алепо, Дамаск и Бејрут, со оценка дека Анкара нема да прифати „готови решенија“ ниту да игнорира, како што изјави, агресија во соседните земји, објави турската државна агенција Анадолу.

Тој го обвини Израел дека води политика заснована на „заблудата за ветената земја“ и предупреди дека ако израелските акции не бидат запрени, последиците ќе ги сносат целиот регион и меѓународната заедница.

Слични вести