139
Екс директорот на Македонската радио-телевизија – Марјан Цветковски е избран за директор на Фондацијата „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“, пренесува „СДК.мк“.
Оваа фондација беше формирана на 28 јануари годинава и ќе биде задолжена за координација на сите активности поврзани со подготовката и реализацијата на програмата „Скопје 2028“, како и за управување со финансиските средства наменети за проектот.
Цветковски на раководната позиција во МРТ беше од 2012 година.
Град Скопје веќе го распиша првиот конкурс за финансирање културно-уметнички проекти во рамки на „Скопје 2028“, со вкупен буџет од 300.000 евра. Досега не се објавени информации за избраните проекти и распределбата на средствата.