Љутков најавува: Владата утре ќе именува нов прв човек на Советот за македонски јазик

by jadranka 19:31
19:31

Владата на утрешната редовна седница ќе именува нов претседател на Советот за македонски јазик во рамките на Министерството за култура и туризам, откако досегашната претседателка – професорката Симона Груевска-Маџоска минатиот месец објави дека поднела неотповиклива оставка од функцијата.

Информацијата ја објави министерот за култура и туризам Зоран Љутков на денешниот брифинг со новинарите. Тој не ги коментираше причините за оставката на претходната претседателка на Советот, додавајќи дека кадровското решение ќе биде дефинирано на утрешната владина седница.

Професорката Симона Груевска-Маџоска на 12 мај годинава соопшти дека поднела неотповиклива оставка од функцијата претседателка на Советот за македонски јазик и од позицијата координатор на работната група за изработка на Националната стратегија за македонскиот јазик. Во објавата таа не ги наведе причините поради кои ја донела одлуката, но порача дека преку некои работи не може да се премине.

Слични вести