Рускиот претседател Владимир Путин донесе уредба со која новите воени регрути ќе можат да се ослободат од своите долгови, во рамките на напорите на Москва за унапредување на вооружените сили во конфликтот во Украина.
Според оваа уредба, регрутите што ќе потпишат договор по 1 мај годинава ќе добијат можност да им бидат отпишани долгови до 10 милиони рубљи, што е приближно 120.000 евра.
Оваа мерка важи и за сопружниците на војниците. За да се добие отпишување на долгот, договорот мора да биде склучен на најмалку една година и да се однесува на „извршување задачи во рамките на специјалната воена операција” термин кој Кремљ го користи за инвазијата на Украина.
Дополнително, долговите мора да бидат создадени пред 1 мај.
Русија порано веќе нудеше значителни плати и различни придобивки за мажите кои се пријавуваат за служба во Украина.
Путин, исто така, најави дека ветераните по враќањето од фронтот ќе добијат предност во вработувањето, запишувањето на универзитети и добивањето на значајни позиции.