Филипче: Каква широка Влада, ние не преговараме за фотелји и позиции

by irena 11:02
11:02

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче се дообјаснува околу понудата дадена на ВМРО-ДПМНЕ заедно да ја преземат одговорноста околу уставните измени и се што би резултирало од тоа подоцна.Тој негира дека она што сакал да го каже е дека ѝ нуди широка коалиција на власта.

„Каква широка влада? Кој зборувал за влада и коалиција? Јасно кажав – поддршка за европските интеграции и реформите. Да влеземе во тендер коалицијата на Мицкоски? Од каде некому му падна на памет таква идеја? Ние не преговараме за фотелји и позиции. Ние зборуваме за иднината на Македонија во Европската Унија. Реформи сега. Малцинства во Уставот сега. Европа сега“, порача Филипче на „Х“.

Филипче вчера го повика Мицкоски заеднички да ги направат уставните измени за да се внесат Бугарите во Уставот, што е предуслов за продолжување на преговорите за членство во Европската Унија. Тој му порача на Мицкоски и да не го користи нон-пејперот на германскиот канцелар Фридирх Мерц, како алиби за неисполнување на реформите.

Слични вести