Најмалку 26 загинати по експлозија во фабрика за пиротехника во Кина

by irena 08:54
08:54

Во експлозија во фабрика за огномет во кинеската покраина Хунан загинаа 26 лица – 61 е повреден, пренесуваат тамошните медиуми.

Експлозијата се случи вчера попладне во градот Лиујанг кој се смета за центар на кинеската индустрија за огномет.

Властите распоредиле повеќе од 1.500 лица за итни интервенции, додека роботи биле користени за да помогнат во пронаоѓањето на оние што се заробени во зградата.

Од полицијата, која ја истражува причината за експлозијата, велат дека се преземени мерки против сопствениците на компанијата за огномет.

Кинескиот претседател Си Џинпинг наредил да се вложат сите напори за барање на исчезнатите и лекување на повредените.

Тој повикал и брзо да се истражи причината за експлозијата и одговорните да бидат повикани на одговорност.

Слични вести