Вечерва уапсен осомничениот за тројното убиство во Подгорица

by irena 22:08
22:08

Осомничениот за тројното убиство во Подгорица, В. М. (25), е уапсен вечерва, официјално соопшти Управата на полицијата на Црна Гора.

Тој е уапсен под сомнение дека синоќа со употреба на ладно оружје ги лишил од живот браќата Д. Х. (28) и Н. Х. (27), како и К. М. (56).

„Полициските службеници на Управата на полицијата, Регионален центар за безбедност ‘Север’, со континуирана поддршка и соработка со службениците од Регионалниот центар за безбедност ‘Центар’, по спроведени опсежни оперативни активности и прецизно изведена тактичка акција, го лоцираа во потесното градско јадро на Рожаје, на отворен простор, В. М. (25) од Рожаје, осомничен за кривично дело тешко убиство и го лишија од слобода, за што е известен државниот обвинител во Вишото државно обвинителство во Подгорица“, соопштија од полицијата.

Од полицијата наведуваат дека осомничениот со кривична пријава ќе биде спроведен во Вишото државно обвинителство во Подгорица на понатамошна постапка.

„По спроведување на сеопфатни истражни и доказни дејствија, јавноста ќе биде навремено и транспарентно информирана за сите релевантни околности и понатамошниот тек на постапката, каде што и во оваа фаза е собран доволен број докази и факти кои недвосмислено укажуваат дека осомничениот В. М. е директен извршител на ова кривично дело“, се наведува во соопштението.

Слични вести