Синоќа во австрискиот град Линц 34-годишен Хрват нападна две лица со нож. Тој ѝ најавил на сопругата тоа попладне дека ќе се впушти во крвава акција и дека сака да убие човек.
Сопругата ја известила полицијата, но се чини задоцнила.
Хрватот нападна 24-годишен Авганистанец со нож, а потоа избоде друг маж, 26-годишник, исто така од Авганистан.
Втората жртва почина кратко потоа во Универзитетската клиника Кеплер од повредите. Првата жртва била однесена во ургентниот центар со сериозни повреди, но е надвор од животна опасност.
На злосторството му претходела мала расправија на улицата.
Хрватот наводно малтретирал возач кого не го познавал, изјави портпаролот на полицијата.
Во расправијата се вклучиле тројца Авганистанци (на возраст од 21, 24 и 26 години), кои се потстрижувале во берберница во Бизмарштрасе.
Тие го опоменале Хрватот, велејќи му дека не треба да се однесува толку агресивно кон постариот господин.
Хрватот очигледно ја доживеал оваа опомена како навреда, па подоцна, кога тројцата млади мажи излегле од берберницата и се упатиле кон Ландштрасе, тој почнал да ги следи.
Го прободел 24-годишникот во вратот со кујнски нож.
Утврдено е дека еден од преостанатите двајца Авганистанци се сопнал и паднал додека се обидувал да избега. Потоа напаѓачот го згазил по главата и го прободел во горниот дел од телото со нож. Сведоците истрчале кон 26-годишникот и му пружиле прва помош, но тој набрзо починал во болница.
Сторителот првично избегал, но кратко потоа бил фатен од Единицата за брза интервенција (СИГ) во Фолксгартенштрасе. Ножот бил конфискуван.
Како што потврди полицијата утринава, осомничениот претходно им бил познат на органите за спроведување на законот. Тој се смета за ментално нестабилно лице, а во минатото веќе бил пријавуван за насилни прекршоци и оштетување на туѓ имот.