Лосон: Нема договор Скопје-Лондон за прифаќање мигранти

by vlatko 20:16
20:16

Британскиот амбасадор во земјава, Метју Лосон, ги демантира тврдењата дека постојат и дека постоеле преговори меѓу Лондон и Скопје за прифаќање мигранти.

Во интервју за емисијата „Европат“ на ТВ 24, Лосон истакнува дека британската влада ниту преговарала, ниту има намера да наметнува решенија што би биле неприфатливи за македонската влада.

Тој нагласува дека таков договор не постои и никогаш не постоел.

Слични вести