Леброн Џејмс: Не знам дали ќе играм следната сезона!

by irena 17:42
17:42

Леброн Џејмс, еден од најдобрите кошаркари во историјата на овој спорт, ја игра својата 23-та сезона во НБА лигата.

Тој беше во центарот на вниманието на медиумите за време на Ол-стар натпреварот во Лос Анџелес, а прашањето кое сите ги интересира е дали ќе игра следната сезона.

„Сакам да живеам. Кога ќе знам, ќе знаете и вие. Не знам во моментов. Немам поим“, истакна Џејмс.

Леброн има 41 година. Ова е последната година од неговиот договор со Лејкерси, во кој треба да добие 52,6 милиони долари.

„Целосно сум фокусиран на оваа сезона. Сакам да влеземе во плејофот и да се бориме за титулата. Се надевам само дека ќе останеме здрави, бидејќи тоа е предуслов за секој квалитетен настап“, заклучи Леброн Џејмс.

Слични вести