Заедно со десетици момчиња, и градоначалникит на Крива Паланка, Сашко Митовски, денеска скокна по светиот крст во Крива Река.
-Меѓу учесниците, на изненадувањена сите, во реката влезе и градоначалникот Сашко Митовски, објавија од Општината.
Митовски пак рече дека си фрлањето на Светиот Крст во водите на Крива Река, уште еднаш се потсетивме дека верата, традицијата и заедништвото нè прават посилни како луѓе и како заедница.
-Со искрена почит кон празникот и верниците, застанав рамо до рамо со моите сограѓани и влегов во водите по Светиот Крст.
Тоа не беше чин на храброст, туку чин на блискост, порака дека заедно ги живееме радостите, обичаите и вредностите што нè поврзуваат.
Водици нè учи на чистота на мислите, на вера во доброто и на сила што доаѓа кога сме сплотени, рече градоначалникот.



