Младиот Христијан Бошевски (16) од Битола е најсреќниот учесник на традиционалната манифестација, пронаоѓање на светиот крст во водите на црковниот базен во Храмот „Свети Великомаченик Димитриј“ во Битола.
Меѓу дваесеттината учесници, Бошевски успеа прв да го пронајде светиот крст, чин организиран од свештенослужители на преспанско-пелагониската епархија.
-Мојата традиција почна минатата година, а оваа година со многу среќа успеав да го пронајдам и земам во свои раце богојавленскиот свет крст. На сите верници им го честитам празникот Водици, изјави Христијан Бошевски, по завршувањето на манифестацијата, примајќи честитки.
Според востановената традиција, осветување на водите и полагање свет крст беше организирано и во други цркви и манастири на преспанско-пелагониската епархија.