Заменик министерот за образование поднесе оставка, сака да продолжи со истражувачко-научна работа

by irena 13:49
13:49

Заменик министерот за образование, Лулзим Алиу денеска преку социјалните мрежи соопшти дека поднел неотповиклива оставка од функцијата.

Алиу оставката ја поднел до премиерот Христијан Мицкоски, а ја сподели во објава на својот Фејсбук профил.

Тој посочува дека оставката доаѓа како одраз на негова лична и професионална анализа, нагласувајќи дека ценел дека во овој период е најсоодветно да го продолжи својот придонес во академското поле.

-Почитуван Претседател на Владата, Со ова писмо сакам да Ве известам дека поднесувам неотповиклива оставка од функцијата заменик министер во Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија. Мојата оставка доаѓа како одраз на моја лична и професионална анализа, ценејќи дека во овој период е најсоодветно да го продолжам својот придонес во академското поле, во мојата истражувачко-научна работа, како и посветеност кон семејството, вели тој.

Алиу на Владата посакува понатамошни успеси во работата и упатува благодарност за довербата и за можноста што му била укажана да служи на оваа одговорна позиција.

Лулзим Алиу е кадар на коалицијата ВРЕДИ, односно од партијата Алтернатива.

Слични вести