Кина: САД веднаш да ги ослободат Мадуро и кризата во Венецуела да се реши преку дијалог

by irena 08:06
08:06

Кинеското Министерство за надворешни работи соопшти дека САД треба веднаш да го ослободат венецуелскиот претседател Николас Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес и да ја решат ситуацијата во Венецуела преку дијалог и преговори.

Во соопштение објавено на официјалната веб-страница на министерството, Кина нагласи дека депортацијата на Мадуро и неговата сопруга од страна на САД го прекршила меѓународното право и норми и дека Америка треба да ја обезбеди безбедноста на двојката, објави Ројтерс. Кинеската влада повика на враќање кон дипломатско решение за венецуелската криза, нагласувајќи ја потребата од намалување на тензиите и поттикнување на процес на преговори меѓу сите страни.

Слични вести