Двајца косовски државјани биле во авионот кој се урна во Мавровско езеро

by irena 14:27
14:27

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Мухамед Али, информира дека авион од марка Piper, со регистрација N5005W, кој денеска се урна во Мавровско Езеро, превезувал две лица – двајца државјани на Косово.

Според Али, информацијата била веднаш проследена до СВР Тетово, Итната медицинска помош и регионалниот центар на ЦУК за брза интервенција.

Во несреќата, едно лице е повредено, а спасувачките екипи се уште работат на терен.

Мал авион падна во Мавровското Езеро, едно лице повредено

 

Слични вести