Уапсен е 22-годишен прилепчанец – возел пијан

by irena 11:10
11:10

МВР информира дека рано утринава во 02:00 часот на улицата „Тризла” во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода 22-годишниот А.Е. од Прилеп.

При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „опел” со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал А.Е., и при преземање мерки констатирано е дека го управувал под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,75 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на настаните против нив ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Слични вести