Анкета: Меџити со мала предност пред Османи во Чаир

by irena 14:26
14:26

Кандидатот на ВРЕДИ за градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити, има предност од 3,3 отсто пред кандидатот на АКИ – Бујар Османи, покажува најновата анкета на Институтот за политички истражувања – Скопје (ИПИС), спроведена за потребите на МРТ во октомври на примерок од 1.004 испитаници, преку телефонско анкетирање со жители на Чаир.

Според резултатите, 27,5% од анкетираните изјавиле дека би гласале за Меџити, а 24,2% за Османи.

Вкупно 47,2% се неопределени или не одговориле.

Во делот на поддршката за советничките листи, ВРЕДИ добива најголема доверба со 22,4%, пред АКИ со 20,3%.

Поддршка за ВМРО-ДПМНЕ дале 6,1% од испитаниците, за СДСМ 1,9%, за Левица 1%, а за ЗНАМ 0,8%.

Околу 20% сè уште не се определени.

За Град Скопје, 19,6% од анкетираните би гласале за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, додека 7,6% за кандидатката на СДСМ, Каја Шукова.

Над 70% се или неопределени или не би гласале.

Слични вести