Премиерот на Канада, Марк Карни, денес ќе оствари средба со претседателот на САД, Доналд Трамп.
Оваа посета на Карни на Белата куќа се случува пред да се разгледа спогодбата за слободна трговија, која е од огромно значење за канадската економија.
Претходните изјави на Трамп, во кои предлагаше Канада да стане 51-ва американска држава, како и воведените давачки, побудија остри реакции кај канадските граѓани.
„Имавме свои подеми и падови, но ова е најниската точка во односот што можам да ја запомнам”, изјави поранешниот канадски амбасадор во САД, Френк Мекена, додавајќи дека на Канаѓаните “не им се кажува што да прават”, туку “едноставно гласаат со своите нозе”.
„Секој ден разговарам со обични граѓани кои ги менуваат своите планови за одмор и со сопственици на големи компании кои ја менуваат дестинацијата за извршни награди или службени патувања. Се случува отворен бунт”, нагласи Мекена. Во Канада владее стравување во врска со иднината на Договорот меѓу САД, Мексико и Канада.
Карни има за цел да издејствува намалување на царините во некои индустрии, но сепак очекувањата не се високи.