Во Сараево, по кратко и тешко боледување почина фолк пејачот Халид Бешлиќ(72).
Босна и Херцеговина се збогува со еден од своите најголеми синови – легенда на народната музика, израз на душата на целата нација, човек кој со својот глас обележа генерации.
Роден во Романија на 20 ноември 1953 година, Халид беше многу повеќе од музичар, уметник. Тој беше глас на тагата и радоста, поет на народот, човек чија искреност, скромност и топлина ги освојуваа срцата и сцените. Малкумина стануваат легенди за време на својот живот – Халид Бешлиќ беше еден од тие ретки, пренесуваат босанските медиуми.
„Неговите песни се пееја во сали, стадиони, пабови, на свадби и родендени, во автомобили, на плажи и планини. Тој беше врска со татковината за оние далеку, а рамо на утеха за оние тука. Неговиот збор и неговата песна беа лек за душата“ се вели во соопштението за загубата.