Земјотрес со магнитуда од 6,2 степени го погоди југоисточен Авганистан во четврток, 4 септември, по серијата земјотреси што однесоа повеќе од 2.200 животи во централноазиската земја претходно оваа недела.
Германскиот истражувачки центар за геолошки науки објави дека земјотресот се случил на длабочина од 10 километри.
Авганистан беше погоден од серија земјотреси претходно оваа недела што однесоа повеќе од 2.200 животи и повредија повеќе од 3.600 на истокот од земјата.
Неколку десетици илјади луѓе останаа без покрив над главата.
Првиот удар, со магнитуда од 6 степени, ги погоди покраините Кунар и Нангархар во недела.
Хуманитарните организации предупредуваат на дополнителна опасност за населението поради недостаток на основни потреби како што се храна, засолниште и лекови.