Велешанец со камион прегази жена во Битола

by irena 13:58
13:58

МВР информиа дека вчера претпладне во 11:41 часот во СВР Битола е пријавено дека на ул. „Рајко Жинзифов“ во Битола, товарно возило „цитроен“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Д.К.(44) од Велес удрило во пешакот Ј.Д.(69) од Битола.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ј.Д., констатирани во Клиничката болница Битола.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.

Слични вести