Вучиќ објави дека во Србија се случил организиран обид за „вистински државен удар“

by irena 15:28
15:28

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека во Србија се случи организиран обид за „вистински државен удар“, бидејќи вклучени се речиси сите државни институции – од јавниот медиумски сервис до полицијата, најавувајќи дека „некои избори во 2026 и 2027 година ќе бидат неизвесни“.

– Војската учествува во пучот и мора да има насилство, а пучот е преку институциите, рече Вучиќ во разговор со студентите кои се во Пионерски парк во Белград.

Според него, направени се обиди од градинки и училишта до обиди во здравството и електрани, „да не зборуваме за полицијата“.

– Тука ќе излезат на виделина застрашувачки податоци, како дилерите на дрога и преку кого ја воделе својата политика, и повторно државата издржала, рече Вучиќ.

Тој повтори дека тоа била обоена револуција и дека некои политички лекции, совети и пари дошле однадвор и додаде дека веќе добил понуди од многу земји за ексклузивен договор за неговата книга – „Како ја победив обоената револуција“.

Тој додаде рече дека на сите студенти кои сакаат да полагаат државни испити ќе им биде дозволено да влезат на универзитетите и ги повика претставниците на студентите кои се противат на блокадите на факултетите да се откажат од најавениот штрајк со глад.

Слични вести