Завршија преговорите Русија – Украина

by Fokus
Вториот круг од директните преговори помеѓу руската и украинската делегација во Истанбул завршија за околу еден час, јавија руските медиуми.
Преговорите се воделе на руски јазик.
Првата рунда директни преговори исто така се одржа во Истанбул на 16 мај кога беше договорена размена на воени заробеници „1.000 за 1.000“.
Новата средба доаѓа еден ден по еден од најсмелите и најуспешните украински напади некогаш извршени на руска почва, кој стигна дури до Сибир.
Според украинската Служба за безбедност, во голем, координиран напад со беспилотни летала врз четири руски воени аеродроми беа погодени десетици авиони, вклучувајќи и стратешки бомбардери.
Првата рунда преговори се одржа на 16 мај во претседателската палата Долмабахче.

Поврзани новости