550
Излезноста на референдумот на дијаспората изнесува 36,56 отсто или гласале вкупно 985 лица од 2.694 лица кои се пријавиле за гласање, соопштија од Државната изборна комисија.
Според резултатите на ДИК во затворите гласале 64.69 отсто од затворениците со право на глас.
Од 1859 лица кои гласаат дома, односно болни и немоќни, гласачкото право го оствариле 1520 гласачи.
Во врска со инцидентот што вчера се случи на гласачко место во Мелбурн, Австралија, од ДИК велат дека случајот е евидентиран и пријавен.