938 починати од корона вирус за еден ден во Велика Британија

by fokus

Велика Британија за едно деноноќие забележа рекордни 938 нови смртни случаи од коронавирус, со што вкупниот број на починати во земјата надмина 7.000 лица.

– Досега смртните случаи во земјата изнесуваат 7.097, напиша на Твитер британското Министерство за здравство.

Истовремено, здравствената состојба на британскиот премиер Борис Џонсон се „подобрува“, но тој останува на интензивно лекување, истакна министерот за финансии Риши Сунак.

Претходно портпарол на Џонсон изјави дека британскиот премиер „добро реагира на лекувањето и се наоѓа во стабилна состојба“, откако помина трета ноќ во лондонската болница „Сент Томас“.

Поврзани новости