434
Најмалку 92 луѓе загинаа, а стотици се повредени во силниот земјотрес што утрово го погоди индонзискиот остров Суматра, соопштија властите во земјата.
Земјотресот бил со јачина од 6,5 степени со епицентар во близина на провинцијата Ачех додека верниците се подготвувале за утринска молитва.
Во градчето Меуреуд речиси сите објекти се срамнети со земја, а во тек е акција за спасување на преживеаните под урнатините.