СДСМ: Груевски се заканува со ликвидација и го сквернави името на Гоце Делчев

by fokus

Последните закани за насилство од обвинетиот за насилство Никола Груевски само ги покажуваат неговите очај, страв и паника, реагираат од СДСМ на вчерашната изјава на Груевски дека ако Гоце Делчев бил жив, ќе му го испрател Ќосето на Заев за да ја заврши приказната со него.

-Заев зборува за плати, Груевски се заканува со насилство! Заев повикува на обединување, Груевски шири омраза и поделби! Заев се гордее со идеалите на социјдемократот Гоце Делчев, Груевски го сквернави неговото име се закани за ликвидации! Заев зборува за план за подобар животен стандард на граѓаните, Груевски крои план за бегство од Македонија! Заев зборува за живот, Груевски за смрт! На 11 декември ќе се разбуди животот во Македонија, се вели во реакцијата на СДСМ.

Од партијата додаваат дека, како што велат тие, нарачателот и одговорниот за насилство Груевски и за овие и за сите други злосторства против граѓаните и имотот на Република Македонија ќе одговара пред судството, кое по 11 декември ќе биде независно.

Поврзани новости