Прилепчанец на возраст од 92 години пријавил во полиција дека бил измамен од две лица вчера попладне на плоштадот „Александар Македонски“, така што останал без 17.000 евра.
Според изјавата на измамениот Ѓ.А. лицата го пресретнале и почнале раговор со него, по што му дале еден машки часовник, за кој му рекле дека вреди многу пари и дека некој им го продава. Ѓ.А. им рекол дека тој има евра и отишол во банка и подигнал 17.000 евра, кои им ги дал на двете лица. Тие му кажале да ги почека за да и ги покажат парите на некоја жена, која ги чека во возило и дека ќе се вратат за пет минути, по што заминале во непознат правец.
По извесно време, откако лицата не се вратиле, Ѓ.А. сфатил дека е измамен, по што го пријавил настанот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и за целосно расчистување на случајот, велат од полицијата.